Познато е дека треба да одбегнувате пливање најмалку половина час по јадењето. Но, дали ова е научно докажано?
Се верува дека доколку пливате по јадењето, крвта ќе се движи кон рацете и нозете наместо кон цревата или ќе се случи спротивното - крвта ќе оди кон цревата наместо рацете и нозете и затоа може да потонете.
Медицинските експерти велат дека оваа теорија не држи вода. Јадењето навистина ја насочува крвта кон цревата, но тоа не е доволно за да ги наруши другите функции. Пливачите може да имаат помал грч кој не би бил опасен.
Досега не бил забележан ниту еден смртен случај со давење поради претходно јадење. Некои пливачи кои пливаат големи далечини дури јадат за време на пливањето за енергија.
Сепак, една работа не се препорачува пред пливањето, а тоа е алкохолот, кој може да игра улога во дури 70 отсто од смртните случаи поврзани со вода.
Извор:
Mental floss
Насловна фотографија: Pixabay