X
 29.02.2024 Здравје

Експертите откриваат како влијае газираната вода врз нашето здравје

Дали газираната вода е добра како и обичната вода? Според Роналд Моган, професор на Универзитетот „Свети Ендрјус“ во Шкотска, одговорот е: „ни блиску“.

- Газираната вода има незначително влијание врз хидратацијата на телото во споредба со обичната вода - вели професорот, кој е еден од авторите на студија која ги споредува хидратантните ефекти на различните напитоци.

Сепак, диететичарката и нутриционист Џен Баум вели дека газираната вода може да биде одличен избор за секој што не е љубител на обичната вода.

- Претпочитам луѓето да се хидрираат со пијалаци во кои уживаат отколку да не пијат доволно течности во текот на денот - изјавила таа.

Дали газираната вода ги оштетува забите?


За жал, кога станува збор за забите, стоматологот Карис Монкајо има лоши вести.

- Кога пиете газирана вода, хемиска реакција во устата го претвора јаглеродниот диоксид во јаглеродна киселина, а киселината ја кородира забната глеѓ - објаснил тој.

- Глеѓта е надворешната заштитна структура на нашите заби. Кога забната глеѓ е компромитирана, тоа доведува до голем број проблеми, како што е расипување на забите или зголемена чувствителност - заклучил Монкајо.

Извор: N1info.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје