X
 27.07.2022 Живот

Една од најубавите плажи во Италија смеат да ја посетат само 60 луѓе дневно

Кала Котичио е една од најубавите плажи во Италија. Се наоѓа на островот Сардинија, а неодамна со одлука на властите се наплаќа влез за неа. Освен тоа, бројот на дневни посетители е ограничен.

Од ова лето посетителите на популарната плажа мора да платат 3 евра по лице само за да влезат на плажата. Ваква влезница се наплаќа и за плажата Кала Бригантин на северниот дел од Сардинија.

Освен тоа, властите на Сардинија вовеле ограничување од 60 туристи дневно за секоја од плажите.



Овие мерки имаат цел да ја заштитат недопрената природа на островот и да се спречи дополнителна штета предизвикана со туризмот. Секој што ќе биде фатен на плажите без претходно резервирана влезница ќе биде казнет.

Извор: Nezavisne
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот