X
 25.10.2018 Здравје

Вистината за органската храна и ракот

Терминот „органски“ има здравствен ореол, но органскиот зеленчук не значи дека ќе ве штити од рак.

Не значи дека органската храна ве прави поздрави личности. Токму ова е централното прашање во срцето на едно неодамнешно истражување што се најде на насловните страници на сите весници, поради резултатите - дека органската храна го намалува ризикот од рак. Како и многу други истражувања што тврдат дека кој било специфичен избор на начин на живот ќе го спречи ракот, постои нешто што се крие зад приказната.

Што всушност истражувало истражувањето?

Француските истражувачи побарале од 68.946 возрасни лица да пријават колку често консумираат органска храна. Од нив бил побарано да пријават дали имале рак. По петгодишно следење, истражувачите повторно прашале за какви било  дијагнози за рак. Згора на тоа, истражувачите собирале информации за тоа дали учесниците пушеле, колку пари заработувале, колку пиеле и колку вежбале. Врз основа на тоа, тие откриле корелација помеѓу намалениот ризик од рак и јадењето органска храна.

Она што добива помалку внимание во медиумите е тоа што се случило кога истражувачите го разложиле ризикот од рак во одредени видови рак. Јадењето органска храна немало влијание врз ризикот кај учесниците за карцином на дојката пред менопаузата, рак на простатата, колоректален карцином или рак на кожата. Било само поврзано со намален ризик од рак на дојката по менопаузата, не-Хочкин лимфом.

hrana
Фото: Pexels


Зошто истражувањето не е точно?


Потенцијалните фактори - како високиот приход или нивото на физичка активност, се особено важни кога се проучуваат здравствените придобивки од органската храна бидејќи јадењето органска храна е поврзано со многу работи што би можеле да ви помогнат да живеете подолг, поздрав живот. Со други зборови, луѓето што редовно јадат органска храна имаат тенденција да имаат други фактори и навики што го намалуваат ризикот од рак. Дури и во рамките на само ова истражување високото консумирање на органска храна било поврзано со високите приходи, високиот статус на занимање (подобрата работа, како што е менаџер или работење во канцеларија), поголема физичка активност, јадење повеќе овошје и зеленчук и јадење помалку месо и преработена храна. Тоа се работи поради кои е поголема веројатноста да бидете здрави.

Контролата за повисоки примања не ги опфаќа сите придобивки што ги имаат овие луѓе. Така, на пример, луѓето со повеќе пари можат почесто да одат на доктор, со што полесно би детектирале рак и рано би започнале со лекување. Исто така, високиот приход им овозможува да платат за висококвалитетен третман. Тоа веројатни значи дека имаат помалку стрес поврзан со парите, а сите ние знаеме дека хроничниот стрес има влијание врз здравјето.

Повисоките приходи значи и дека можете да си дозволите да купите органска храна. Истражувањата покажуваат дека луѓето што најмногу консумираат органска храна имаат повеќе пари и помалку стресна работа, што им дава повеќе време за вежбање.

Дали истражувањето е во согласност со она што претходното истражување го најде?


И да, и не. Не постојат многу истражувања за органската храна и ризикот од рак, но истражувањето „Милион жени“ во Велика Британија било слично, а имало поинакви заклучоци. Истражувачката група открила дека јадењето органска храна е поврзано со намален ризик на не-Хочкин лимфом, но не најде значајна промена во вкупниот ризик за рак. Всушност, открило малку зголемен ризик за рак на дојка.

Зошто ракот се поврзува со неорганската храна?


Што го предизвикува зголемувањето на ризикот од рак во неорганската храна? Истражувачите се сомневаат дека тоа се пестицидите. Знаеме дека органската храна обично содржи помалку синтетички пестициди отколку конвенционалните производи, но не значи дека органската храна нема пестициди. Постојат дозволени пестициди за сертифицираните органски фарми.  

Да сумираме: моменталните докази укажуваат дека придобивките од консумирањето на конвенционалните производи веројатно ги надминуваат можните ризици од изложеност на пестициди.

Со други зборови: јадете повеќе овошје и зеленчук, без оглед дали можете да си дозволите органска храна.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје