Пожарите на хавајскиот остров Мауи не стивнуваат, а како што пренесуваат светските медиуми има сѐ повеќе човечки жртви. Досега се регистрирани дури 53 смртни случаи, а продолжува евакуацијата на населението.
Во моментов е тешко да се утврди вистинската штета, а властите на островот Мауи предупредуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми.
Ви пренесуваме видео направено со дрон од пожарите од страшни размери во Лахаин, кој некогаш беше туристички центар на островот и историски град. Брајан Шац, американски сенатор од Хаваи, објави дека Лахаин е речиси целосно изгорен.
Извор:
Green
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)