X
 16.08.2015 Култура

Трикови и совети како да го совладате јазикот кој сакате да го научите

Метју Јолден течно зборува девет јазици и разбира повеќе од десетина други. Тој нуди неколку трикови и совети кои можат да ви помогнат полесно да го совладате јазикот кој сакате да го научите.

1. Имајте цел зошто учите јазик

Иако ова е очигледно, сепак, ако немате доволно добра причина да учите јазик, тогаш нема да бидете мотивирани на подолг рок. Причината потребно е да биде добра, за да можете да се држите до неа.

2. Пронајдете партнер


Метју научил неколку јазици заедно со неговиот брат близнак Мајкл. Мејту и Мајкл, ги научиле јазиците најмногу преку здравото братско ривалство.

„Бевме доста мотивирани, и се`уште сме. Се поттикнуваме еден со друг за да научиме. Ако тој сфати дека мене подобро ми оди отколку него, тој станува малку љубоморен и се обидува да ме стигни - и обратно“, вели Метју.

Доколку не можете да го/ја убедите вашиот/та брат/сестра, тогаш било каков партнер е доволно добро за да ве натера да се потрудите да бидете подобри.

3. Зборувајте си себеси


Ако немате со кого да зборувате, нема ништо лошо доколку си зборувате самите себеси.

„Можеби звучи чудно, но зборувањето самите себеси е одличен начин за вежбање“, вели Метју.

4. Причината треба да биде релевантна

Ако уште на почетокот вашата цел е разговор, тогаш помала е веројатноста да се изгубите во учебниците. ЗБорувањето со луѓето ќе го одржува процесот на учење да биде релевантен.

„Учите јазик за да можете да го користите. Не учите за да си зборувате самите себеси. Креативната страна е да бидете во можност да го ставите јазикот што го учите во корисен амбиент - преку пишување песни, зборување со луѓе или користење кога сте во странство.

5. Забавувајте се


Користејќи го новиот јазик на било кој начин е креативен чин. Можете на пример да пишувате песни. Размислете и пронајдете неколку забавни начини преку кои ќе го учите новиот јазик.

6. Однесувајте се како дете

Не дека треба да фрлате храна во вашата коса кога одите во ресторан, туку да се обидете да научите на начинот на кој учат децата. Клучното учење како дете е едноставно да се однесуват како деца: на пример, желбата да играте со новиот јазик и подготвената на правите грешки затоа што учиме од грешките. Како деца, од нас се очекува да правиме грешки, меѓутоа кога сме возрасни, нашите грешки стануваат табу. Размислете: Еден возрасен човек поголеми се шансите да каже „Не можам“ отколку „Не сум научил се`уште“ (не можам да пливам, не можам да возам, не можам да зборувам шпански).

7. Излезете од вашата удобна зона

Подготвеноста да правите грешки значи дека сте подготвени да се ставите во потенцијално незгодни ситуации. Ова може да биде страшно, но е единствениот начин да се развиете и подобрите. Без разлика на тоа колку учите никогаш нема да зборувате јазик без да се изложите себеси: зборувајте со странец на јазикот кој го учите, прашајте за насоки, порачајте храна, обидете се да кажете шега. На почетокот ќе пронајдете потешкотии: можеби изговорот, можеби граматиката, синтаксата... Меѓутоа со текот на времето ќе се развиете.

8. Слушајте

Морате да слушате пред да можете да зборувате. Секој јазик звучи чудно прв пат кога ќе го слушнете, но колку повеќе се изложувате себеси толку повеќе познат ви станува и толку полесно ќе ви биде да зборувате.

„Можеме да изговориме се`, едноставно не сме навикнати да го изговараме. На пример буквата „r“ не постои во мојата форма на англиски јазик. Кога учев шпански, постоеја зборови со силно „r“ како perro и reunión. За мене, најдобриот начин да се усоврши изговорот на оваа буква беше постојано да го слушам“, вели Метју.

9. Гледајте како луѓето зборуваат

Различните јазици имаат различни барања на вашиот јазик, усните и грлото. Изговорот колку што е физички, толку е и ментален.

„Еден начин да научите како се изговара нештото е да ги гледате луѓето додека ги изговараат зборовите кои го користат тој звук и да се обидете да го имитирате тој звук колку што е можно повеќе“, вели Метју.

10. Продлабочете се

Сте успеале во она што сте си го зацртале. Како да продолжите? Дали постои правилен начин да продолжите со учењето? Метју вели дека е од суштинско значење јазикот да го користите секој ден.

Запомнете дека најдобриот можен исход е луѓето да зборуваат со вас. Способноста да имате едноставен разговор е огромна награда кон себеси.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура