X
 21.11.2021 Наука

Видео од центарот на ураган од четврта категорија

Националната администрација за океани и атмосфера на САД објави видео од „внатрешноста“ на ураган.

Видеото било направено со дрон што плови наречен „Салидрон експлорер СД 1045“ (Salidrone explorer SD 1045), кој се нашол на патот на ураганот од четврта категорија „Сем“. Ураганот предизвикал бранови високи над 15 метри и ветрови со брзина од речиси 200 километри на час.


Дронот е дизајниран да издржи тешки временски услови и е еден од петте дронови што биле во Атлантскиот Океан за време на ураганската сезона. Тие постојано собираат податоци кои им помагаат на истражувачите подобро да ги разберат ураганите и да прават подобри временски прогнози.


Извор: Klix
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука