X
 15.03.2018 Технологија

Еве како да си ги вратите избришаните фотографии во телефонот

Сите некогаш сме се нашле во ситуација кога сме зажалиле затоа што сме избришале некоја фотографија. За среќа, постои начин тие фотографии да се вратат. Без разлика дали користите Андроид или Ајфон, вие можете повторно да дојдете до избришаните фотографии. Еве како.

Доколку користите Ајфон треба да знаете дека вам ви е олеснета работата. Еве што треба да направите:

1. Влезете во апликацијата Photos и потоа во албумите.

2. Одете надолу до дното и притиснете на Recently Deleted.

3. Во овој фолдер ќе ги пронајдете сите фотографии кои сте ги избришале во последните 30 дена. За да можете да ги вратите, потребно е само да ја селектирате саканата фотографија и да ја одберете опцијата Recover. Исто така, можете да ја изберете и опцијата Delete  и засекогаш да ја изгубите фотографијата.

Ако постои фотографија која сакате да ја пронајдете, а е избришана многу одамна, тогаш можете да се потпрете на бек-ап на iTunes или да си платите посебна специјална апликација.

Ако сте корисник на Андроид, најдобро решение за вас може да е апликацијата наречена Disk Digger, која можете да си ја симнете. Кога ќе ја инсталирате апликацијата, со нејзе можете да го скенирате телефонот и да ги пронајдете избришаните фотографии. Еве како да го направите тоа:

1. Симнете ја апликацијата од Play Store.

2. Отворете ја апликацијата и изберете ја опцијата Refresh List. Кога на екранот ќе ви се појави содржина, изберете System folder.

3. Откако ќе го одберете фолдерот, одете на Scan Device и ќе ви се појави листа со избришаните фотографии. Кога ќе ја видите онаа која ја сакате, селектирајте ја и сочувајте ја.

4. Апликацијата ќе ве праша каде сакате да ја сочувате, а кога ќе изберете локација, фотографијата ќе се врати во вашиот телефон.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија