X
 11.10.2018 Живот

Музика што ја слушаат паметните луѓе

Музичкиот вкус го открива коефициентот на интелигенција, тврди Виргил Грифит, дизајнер на софтверот што ја испитувал врската помеѓу омилените изведувачи и резултатите на тестовите за интелигенција. Дошол до многу интересни резултати.

Истражувањето било спроведено преку „Фејсбук“ и открива колку лајкови од студенти имаат одредени изведувачи, па податоците биле споредувани со резултатите од тестовите што студентите ги полагале за време на уписите на факултет.



„Радиохед“ е омилена група на оние бистрите, со висок коефициент на интелигенција, додека на плеј-листите на оние што немале извонредни резултати била Бијонсе.

Студентите со висок коефициент на интелигенција ги сакаат и Бетовен, „Ју-ту“, „Колдплеј“ и „Каунтинг Кроус“.

Погледнете како изгледа инфографикот што ја прикажува врската помеѓу интелигенцијата и музичкиот вкус.


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот