X
 21.01.2020 Живот

Звукот на пијаното многу се сменил низ вековите - денес не ги слушаме тоновите што ги замислил Бетовен

Кога ќе слушнеме некои композиции на Моцарт или Бетовен, веројатно не го слушаме она што тие го слушале или замислувале во своите глави. Нивните пијана биле сосема поинакви од денешните. Модерното пијано е производ на еволуција долга веќе 600 години. Пијаното еволуирало од споменувањето на клавичембало од Херман Пол во 1397 година, преку разни клавикорди и чембала, различни инструменти со клавијатура, до модерниот голем клавир.

Пијаното било создадено помеѓу 1760 и 1780 година, надминувајќи го чембалото во голема мера бидејќи можело да се свири нежно и гласно. До 1845 година инструментот го достигнал звукот што денес го слушаме. Но, било потребно постојано нивно одржување, а музичарот требало да има механичко познавање за тоа како работи инструментот, како што е знаење за кожени амортизери, необично поставени за да се префрла од форте во пијано. Промената од форте во пијано само со прстите претставувала радикален развој.

бетовен
Фото: Wikimedia

Поради тоа, тешко е да се знае што имал предвид Бетовен кога пишувал скорзандо додека компонирал. Современото пијано нема вистинско скорзандо, има само гласни ноти. Слично на тоа, Шопен го сакал звукот на виенското пијано „Конрад Граф“. Но, дали некогаш може да се поправи и репродуцира до таа мера за точно да го слушаме она што го слушал композиторот во раниот 19 век?

Волтер фортепијаното од 1791 година било реставрирано и на него било свирено во 2012 година. Оваа публика имала можност да ги слушне приближно точните звуци што ги компонирал Моцарт. Пијаната во ерата на Моцарт не ја произведувале звучната константа на која сме навикнати денес. Некои велат дека „Стенвеј“ го создал првото пијано со константен звук во 1860 година, откако починале Моцарт, Бетовен и Шопен.

За едно пијано биле потребни 100 работници

Музиката е комбинација на звуци што сакаме да ги слушнеме и ониe звуци што можеме да ги создадеме. Звуците што сме способни да ги создадеме се резултат на технологијата и побарувачката на потрошувачите. Изработката на едно пијано отсекогаш барала многу раце, и покрај појавата на машините во средината на 19 век.

Во 1870 година биле потребни околу 100 работници за да се направи виенскиот „Бозендорфер“. За создавањето на секое пијано „Стенвеј“ сè уште се потребни една до две години во фабрика. Само за полирање на пијаното е потребен еден ден. Модерните пијана звучат како што сакаат купувачите, а тоа не е исто како порано.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот