X
 09.06.2021 Култура

Оркестар одржува концерт на камион што се движи низ Рио де Жанеиро

Во Рио де Жанеиро се забранети масовни собирања, но тоа не е пречка за музичарите да одржуваат концерти.

Музичари од оркестарот „Маре до Амања“ свират мелодии додека се возат седнати на камион кој поминува покрај најпопуларните плажи во градот. Подвижниот оркестар свири популарни и класични мелодии.

Оркестарот бил основан во 2010 година од страна на Карлос Едуардо Празерес, а во него членуваат 40 музичари кои им држат лекции за свирење на околу 4.000 деца.


Извор: Euronews
Фото: Принтскрин/Euronews
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура