X
 11.10.2018 Живот

Ураганот „Мајкл“ ја погоди Флорида

Ураганот „Мајкл“ уништи сѐ пред себе откако го погоди северозападниот копнен дел на Флорида. „Мајкл“ има сила на ураган од 4. категорија, а тоа го покажуваат и драматичните снимки од урнатите домови и потопените населби.

Невремето ги зафати дрвјата и разнесе големи парчиња огради - видеата објавени на социјалните медиуми ја покажуваат силата на ураганот, чии ветрови достигнуваат до 249 километри на час.

- Ова е најлошата бура со која се соочила Флорида во изминатиот век - предупреди гувернерот Рик Скот.

Се очекува ураганот да премине во Каролина денес, пред да се упати кон средниот атлантски брег утре. Метеоролозите и владините службеници беа особено загрижени поради брановите, кои би можеле да достигнат 3 метри во некои области што се релативно рамни. Околу 200.000 луѓе од Флорида останале без струја.

Воздухопловната база Тиндал, близу Панама Сити, изјави дека претрпела голема штета.

- Евакуираниот персонал треба да направи планови за престојување подалеку од базата - изјави Тиндал на својот фејсбук-профил.

Властите велат дека околу 375.000 луѓе живеат во областите опфатени со наредбите за евакуација, но не е откриено колку избрале да бидат евакуирани. Американскиот Црвен крст изјави дека околу 4.000 луѓе спијат во засолништа уште од вторникот.

Се стравува дека ураганот „Мајкл“ може да предизвика подигнување на нивото на морето на повеќе од 4 метри над нормалата во одредени области, предупреди американскиот национален центар за урагани.

Претседателот Трамп прогласи вонредна состојба на цела Флорида.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот