X
 30.03.2018 Живот

Оваа островска земја ги повикува туристите да ѝ помогнат во обновата


Крајбрежје на Порторико
(Фото: Thinkstock)


Поминаа шест месеци откако ураганот „Марија“ го опустоши Порторико, а една од индустриските гранки во оваа земја што најмногу настрада беше туризмот.

Но, Порторико не се предава. Благодарение на напорниот труд на локалното население, односно чистењето на теренот, обновувањето на инфраструктурата и повторната изградба на хотелите, туризмот во оваа земја се враќа во онаа состојба во која беше претходно.

Интересно е дека само за неколку недели по ударот од ураганот беше основана програмата „Минингфул травел“, преку која сите патници, локалното население и Порториканците што живеат во други места биле повикани да се приклучат во обновата на некои од најпопуларните природни атракции на островот.

Иако програмата наишла на одличен прием, одредени делови од островот сè уште чекаат обновување.

Сепак, креаторите на програмата истакнуваат дека повикот важи и натаму за сите добронамерни луѓе и наведуваат дека тоа не значи дека туристичката индустрија ги игнорира досегашните постигнувања, туку дека, пред сè, сака да ја покаже својата решителност работите да ги врати во нормална состојба што побрзо.

„Реалност е дека доживеавме едно од најтрагичните случувања во нашата понова историја, а тоа значи дека нашата обнова беше многу исцрпувачка. Но, животот во Порторико пополека се враќа во нормала и на нашите граѓани им е мило што туристичките зони повторно заживуваат, пречекувајќи ги своите посетители. Порториканците се прекрасни домаќини“, вели Карла Кампос, извршен директор на Туристичката организација на Порторико.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот