X
 11.10.2019 Образование

10 златни правила за успешно CV

Photo by Tim Gouw on Unsplash

Со секоја измината минута на пазарот на трудот конкуренцијата се зголемува за кандидатите, а работодавците честопати имаат и преголем број на апликации. Во денешната тешка економска клима, пронаоѓањето на работа е мошне тешко за повеќето луѓе, но доброто CV секогаш може да го обезбеди следниот чекор: интервју за работа.

1. Презентација

Немојте да го ставате вашето CV во формат кој може да го збуни оној којшто го чита. Направете едноставно CV коешто ќе биде добро напишано и ќе има добра форма. Лошо дизајнирано CV може да „фрли“ сосема различно светло за вас себеси и вашата личност.

2. Должина

Обидете се вашето CV да не биде подолго од две страни A4 формат, бидејќи доколку е подолго од тоа, на многу луѓе ќе им биде одбивно за читање - шефовите едноставно немаат време. Доколку имате подолга историја на сопствената кариера, обидете се сето тоа да го напишете во пократки реченици и да ги вметнете само клучните постигнувања. Работодавците најмногу се интересираат за вашите неодамнешни и значајни случувања во вашата кариера.

3. Убаво формирајте го вашето CV

Важно е да го формирате вашето CV за работата за којашто аплицирате. За да го направите ова на успешен начин убаво прочитајте го огласот за работа и обрнете внимание што апликацијата бара во однос на вештини и искуство.

4. Започнете го вашето CV со личен профил

Ова може да е краток параграф на почетокот на вашето CV којшто ќе ги покрие клучните вештини, способности и искуства коишто сте ги собрале, компании за коишто сте работеле, како и тоа што барате вие за оформување на вашата следна улога. Ова може да е потешко за пишување, но може да е навистина ефективно

5. Историја на вашата кариера

Напишете ја историјата на вашата кариера во хронолошки ред, започнувајќи од вашата најскорешна работа. Идентификувајте ги вашите клучни способности и искуство коешто сте го добиле од секоја работа којашто сте ја работеле.

6. Постигнувања

Вклучете ги вашите клучни постигнувања во различен параграф. Доколку сте поканети на интервју, обидете се да ги истакнете сите детали.

6. Дупки во работниот период

Подобро е да ставите зошто сте паузирале во текот на работењето (деца, патување), отколку да оставите дупка во цел период.

8. Хоби и интереси

Доколку сакате да вклучите оддел за вашето хоби и вашите интереси тогаш најдобро е да ставите работи со кои ќе се разликувате (секако, на позитивен начин) од другите кандидати.

9. Препораки

Добро би било во вашето CV да имате неколку препораки од вашите претходни работодавци. Така ќе го подигнете на повисоко ниво вашиот професионален капацитет.

10. Не заборавајте да ги проверите граматичките и правописните грешки!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование