X
 01.06.2017

Холандија бара градежни работници, медицински сестри и електроинженери


Физички работник со бормашина в рака
(Фото: Thinkstock)

Холандските власти соопштија дека за натамошен економски развој на таа земја, итно им е потребна нова работна сила во секторите ИТ, градежништво и здравство.

Државната агенција за вработување (UWV) соопшти дека констатирале недостаток на квалификуван кадар во овие сектори, што може да влијае врз економскиот развој што го бележи оваа земја. Во соопштението се наведува дека во Холандија во текот на рецесијата особено биле погодени секторите градежништво и здравство, кои, како што се наведува, во моментот бележат значителна стапка на развој.

Бројот на работни места во градежниот и здравствениот сектор во последните две години, се удвоил. Агенцијата наведува дека во секторот градежништво особено се бараат столари, ѕидари и техничари, затоа што се очекува голем број постари работници да се пензионираат.

Во секторот здравство, најмногу се бараат квалификувани медицински сестри. Во соопштението се додава дека бројот на работни места во земјата се зголемил во сите сектори, освен во секторот финансиски услуги, како и во државниот сектор.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk