Луѓето што успешно раководат со своите финансии и не запаѓаат во долгови неретко погрешно се етикетираат дека нечесно заработиле, дека се скржави или дека имале среќа.
Вистината најчесто е сосема поинаква: тие поседуваат вештини за раководење со личниот буџет. Најчесто се карактеризираат со позитивен ментален став, преземаат одговорност за личните
финансии и ги жртвуваат личните задоволства за повеќе цифри на банкарската сметка. Патем, тие се доживотни ученици и имаат тенденција да бидат опкружени со луѓе што ќе ги инспирираат уште повеќе. Што праваат поинаку финансиски успешните луѓе:
Прават жртви
Богатите првенствено имаат цел да ги инвестираат своите приходи и ресурси во нешто што ќе ги умножи. Многу од нив не трошат на големи имоти или предмети што ќе им го одреде статусот како јахта или спортски автомобил.
Не губат време во гледање телевизија
Гледањето телевизија е во ред за да се информирате или понекогаш да се опуштите, но константно следење на серија, шоу или емисија е губење време. Овие луѓе тоа време го посветуваат на нештата од кои црпат финансии, а не на каучот.
Тие не се жртви
Финансиски успешните луѓе не трошат време жалејќи се или обвинувајќи ги другите за своите проблеми туку се свесни дека тие се дел од животот, но и само пречка за прескокнување на патот до успехот.
Штедат и ги ограничуваат долговите
Штедењето за овие луѓе е приоритет. Дури и да штедете само 1000 денари месечно, за подолг период таа сума ќе стане голема. Покрај тоа, голем дел од задоволствата што ги сакате се речиси непотребни. Долговите исто така се ограничуваат и се отплаќаат на време, со што се заштедува на додатни камати.
Долгорочно планирање
Овие луѓе не се само дел од потрошувачите на идеи и производи. Тие продаваат услуги и производи, и реалзираат идеи за кои другите би платиле пари.
Не се задоволуваат со минимум
Успешните луѓе не завршуваат со работа во канцеларијата. Тие знаат дека напорната работа е еден од клучните елементи за успех.
Веруваат во важноста на образованието
Само човек што е свесен дека учењето е доживотен процес може да стане успешен. Успешните луѓе читаат книги, се информираат и се свесни дека не знаат сé.
Имаат страст за својата работа
Ако имате работа за која секој ден Ви е проблем и со нетрпение чекате повторно да си одите дома, не очекувајте да се збогатите многу. Работата е голем дел од животот и е од огромна важност, не само заради финансиска сигурност, туку треба да носи среќа и исполнетост. Кога ќе ги имате последните две нешта, ќе бидете повешти и со финансиите.