X
 14.10.2015 Економија

Успехот започнува преку агилна трансформација на знаењето


 
Македонија2025, организацијата што е посветена на развој на бизнисот и привлекување инвеститори, организира Eкономски самит што ќе се одржи во Скопје од 18 до 20 ноември. Самитот претставува платформа за интерактивно генерирање идеи и знаење преку предавањата и анализите на повеќе од 30 говорници, експерти во повеќе сектори што имаат особена важност во глобалната економија. Учесниците на самитот ќе имаат можност дигитално да поставуваат прашања за време на обраќањата.

Претседавачот на овогодинешниот самит Зоран Мартиновски, потенцира дека македонските компании можат да станат поконкурентни, но и да заштедат, само преку ефективен пренос на знаење и вовед на глобално усвоени методи во работењето. „Македонија2025 се погрижи самитот да има докажани експерти и претприемачи. Тие ќе дадат ексклузивен увид во своите сектори и за тоа што го работат, и на тој начин ќе им претстават применливи идеи на учесниците. Меѓу другото, ова е одлична платформа за поврзување што може да биде исплатлива за компаниите што знаат кон што целат“, заклучува Мартиновски, Менаџерот на Меѓународната финансиска корпорација на Светската банка за Македонија и Црна Гора.

Самитот во Скопје ќе има повеќе тематски панели со експерти од регионот и од странство. Панелот „Увид во трансформативните сектори“ има за цел да ги претстави методите што успеваат, како и методите што не успеваат во создавањето беспрекорна работна култура што ќе го одржува успехот на компанијата. Дел од говорниците на темата ќе бидат Џим Дан, програмски Директор на Пацифик Институт, кој ќе зборува за трансформирање на работната култура во компанијата како и како да се стекнат мисловните процеси што им овозможуваат успех на енергетичните луѓе; Марио Шерич, кој е глобален експерт во областа на туризмот, ќе зборува за трансформативниот развој на овој сектор во Хрватска; Стив Шарп, Претседател и извршен Директор на Еуромакс, ќе зборува за трансформирање на регионалниот рударски сектор и други.

Македонија како центар за „паметни индустрии“ е панел што ќе ги мапира главните насоки на трансформирање на постојните капацитети, кон развој на агилен инфо- технолошки сектор. На овој панел ќе зборува Филип Мисовски, кој е главен експерт за производство на глобалната консултантска куќа САП од Германија и Петар Кајевски, Директорот за стратегија за клиенти на Оракл во Австрија, ќе зборуваат за трансформирањето на Македонија во центар за иновации и инфо-комуникациски технологии; Методија Папазоски, соосновач и Претседател на ЕМБС Груп од Полска, ќе зборува за потенцијалните на Македонија да стане центар за аутсорсинг според успешниот пример на Полска.

Економскиот Самит е организиран од страна на Македонија2025 - невладина, непартиска и непрофитна организација со меѓународен Управен одбор, чија цел е да го стимулира развојот на бизнисот и економијата во Македонија.

За повеќе информации околу учеството и котизацијата, посетете ја интернет страната на Македонија2025: www.macedonia2025.com

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија