Професорот
Џеки Геб, познат во Велика Британија како експерт во полето на врските, ги објаснил трите најважни аспекти на силната врска за „The Independent“.
Која е тајната за долгорочна
љубов? И тоа не е една туку три :
1. Комуникација
Додека кај некои парови зборувањето делува како терапија, некои пак комуницираат и се разбираат невербално. Постојат начини на комуникација кои се засноваат на закачки и интерни шеги, кои луѓето од страна не ги разбираат, но сето тоа е позитивно, бидејќи тоа е начин на кој парот ја одржува комуникацијата. Сепак, многу парови се случува многу малку да зборуваат односно зборувањето да го заменат со прошетка, заендо гледање телевизија и други позитивни начини на комуницирање.
2. Гестови
Во спроведена студија, професорот Геб истакнал дека малите гестовите се есенцијални за врската. Повеќето сметаат дека купувањето на скап подарок ќе го покаже вниманието и љубова кон партнерот, но всушност малите работи кои ги изненадуваат и им предизвикуваат позитивни емоции и среќа на партнерите.
3. Смеење
Во овој случај не се мисли на смеење предизвикано од смешни сцени во филм, туку увство дека сте на иста бранова должина со другата личност што се однесува со хуморот и споделувањето на чувството за забава. Тоа е познавање на вашиот партнер и меѓусебно разбирање.