X
 17.07.2024 Живот

Од забранети прегратки до мерење на половината: Најчудните закони и правила со кои може да се сретнат туристите

Културните недоразбирања можат да настанат во најнеочекуваните ситуации. Патниците треба да бидат свесни за различни правила на однесување, од навидум безопасни гестови како што е гушкање до обичаи како што е пушењето на отворено.

Не е сеедно каде јадете

Во Италија, особено во Фиренца, внимавајте каде јадете и пиете. Консумирањето храна и пијалаци на скалите или во дворот на црквата, како и во близина на јавни институции, може да ви направи проблеми со законот.

Без голотија


Тропскиот рај на Фиџи можеби изгледа како идеално место за сончање, но бидете внимателни - нудизмот и топлес пливањето се строго забранети.

Костимите за капење се само за на плажа

Во Барселона, иако е позната по своите плажи, не шетајте низ градот во костим за капење. Оваа облека е дозволена само на плажа.

Не хранете ги гулабите

Сан Франциско има необичен закон кој забранува хранење на гулабите на улиците. Градот смета дека овие птици шират болести и оштетуваат имот, па дури и ги охрабруваат граѓаните да ги пријават прекршителите.

Нозете секогаш на педалите

Во Мексико велосипедистите мора да внимаваат да не ги креваат нозете од педалите додека возат бидејќи тоа се смета за опасно сообраќајно однесување.

Нема религиозни симболи


Малдивите, како исламска земја, забрануваат јавно покажување почит кон другите религии. Затоа, избегнувајте да носите религиозни симболи на други религии за време на вашата посета.

Посета на родителите како обврска


Кина воведе закон кој ги обврзува возрасните деца редовно да ги посетуваат своите постари родители, иако „редовно“ не е прецизно дефинирано.

В затвор за копирање

Во Бангладеш мамењето на испитите може да има сериозни последици - учениците над 15 години може да завршат в затвор доколку бидат фатени како мамат на завршните испити.

Внимавајте на вашиот јазик!

На Карибите внимавајте на вашиот вокабулар. Употребата на вулгарности во јавноста може да доведе до апсење, што им се случило дури и на познати луѓе.

Забранет Денот на вљубените

Некои земји, како Пакистан, Индонезија и Саудиска Арабија, го забраниле славењето на Денот на вљубените, сметајќи дека е некомпатибилно со нивната култура и традиција.

Колкав е вашиот обем на половината?

Во Јапонија постои интересен закон кој ги обврзува компаниите да го мерат обемот на половината на вработените на возраст од 40 до 74 години. Доколку надминат одредена граница, добиваат совети за исхрана.

Овие различни културни норми и закони нè потсетуваат на важноста за почитувањето на локалните обичаи кога патуваме или живееме во странски земји.

Извор: lolamagazin.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот