X
 08.07.2020 Наука

Вака изгледа целата вода на светот собрана во една сфера

Голем дел од планетата е покриен со вода, но доколку се собере целата вода во една сфера, таа би била многу мала во споредба со Земјата. Геолошкиот топографски институт на САД го направи овој графикон за да се добие перспектива за количеството вода на Земјата.


Фото: USGS

Како што пишуваат од институтот, околу 70% од површината на Земјата се покриени со вода, а 96,5% од целата вода на планетата се во океаните. Но, водата постои и во воздухот, реките и езерата, глечерите, земјата, како и во животните и луѓето. Сепак, кога ќе се собере целата вода од светот во една сфера, таа изгледа безначајно во однос на целата планета.

Секако, сферата е многу поголема отколку онаа што се гледа на графиконот бидејќи треба да се замисли нејзиниот тродимензионален облик. Оваа сфера има дијаметар од околу 1.400 километри, што значи толку би била и висока. Тоа сепак е многу вода!

Поголемото количество од оваа вода не може да се користи од човекот. Над 96% од неа е солена вода во океаните, а голем дел од останатото е замрзната вода на половите, се наоѓа под земја и е недостижна или е во атмосферата.

Автор: Џејми Хајмбух
Извор: treehugger.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука