Сите оние што планираат патување во Југоисточна Азија треба да запомнат дека на една од најпопуларните дестинации - Тајланд е забрането да се пуши на јавни простори.
Туристите треба да знаат дека се забранети дури и електронските цигари.
Исто така, треба да имаат на ум дека постои забрана за пушење на плажите во целата земја, закон што стапи во сила во ноември 2017 година како дел од напорите на земјата кон одржлив туризам. Дополнително, шест аеродроми со кои управува државата се прогласени за непушачки зони од 3 февруари, а сите простории за пушење во терминалите се затворени.
Embed from Getty Images
Туристичките агенти во земјата ги потсетуваат патниците на забраната, чија цел е промовирање безбедно и чисто опкружување бидејќи неодамна имало инциденти во кои биле вклучени туристи што не знаеле за законот, а се соочиле со парични казни, па дури и апсење.
На патниците им се советува да не носат никакви електронски цигари, ниту каков било предмет или опрема поврзана со е-цигарите, вклучувајќи ја и течноста што се користи во уредите.
Министерството за туризам и спорт ги советува и туристичките агенти и операторите на тури да ги известат нивните клиенти за забраната, особено на аеродромите, спортските комплекси и туристичките атракции низ земјата.
Местата на отворено, каде што е забрането
пушењето, ги вклучуваат објектите за вежбање и тренинг, спортските објекти, јавните паркови, зоолошките градини, забавните паркови, детските игралишта и пазарите.