X
 04.10.2018 Економија

Словенија планира да доведе работници од други земји и да спечали 4 милијарди од туризмот

Словенија планира ланските приходи од 2,5 милијарди евра со нова стратегија за туризмот да ги зголеми на 4 милијарди преку создавање туристички производи со повисока вредност и нови инвестиции, а поради малиот интерес за занимавање со туризам, се предвидува да се доведат работници во туризмот од земји како што се Грузија и Украина.

- Ги имаме сите атрибути да станеме туристичка дестинација со пет ѕвезди - истакна словенечкиот министер за економија, Здравко Почивалшек, додавајќи дека секоја година има раст на бројот на посетители, особено на странски гости, кои сочинуваат две третини од посетителите.

Минатата година Словенија ја посетиле 4,9 милиони туристи.

Претставниците на словенечката влада и националните туристички организации наведоа и дека целта на новите туристички стратегии е зголемување на туристичкиот прилив од 2,5 на 4 милијарди евра.

Словенечкиот туризам има големи кадровски проблеми бидејќи системот на вработување и платите не се задоволителни, па треба да се увезуваат работници.

- Сегашниот систем е дестимулативен за невработените и пензионерите, кои би можеле да работат во туризмот, но имаме можности потребните кадри да ги добиеме од некои други земји - истакна Почивалшек, додавајќи дека договорите што би го овозможиле тоа се потпишани со Украина и Грузија.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија