X
 22.12.2016 Култура

Амбициозните родители конечно имаат што да им читаат на своите деца

книга

 

Американскиот писател Фредерик Колтинг и графичкиот дизајнер Мелиса Медина, кои воедно се и ко-основачи на издавачката куќа „Moppet Books“, неодамна прилагодија неколку книжевни класици за деца од 6 до 12 години, издавајќи илустрирани дела на Керуак, Артур Клар, Капоти и Хемингвеј во серијата наречена „KinderGuides“.


Авторите веруваат дека е добро да се поттикне интересот на децата за класичната литература уште од мали нозе.

Досега, за децата на возраст од 6 до 12 години во серијата „КinderGuides“ објавени се четири книги: „2001: Одисеја во вселената“, Артурр Клар, „Старецот и морето“, Ернест Хемингвеј, „На пат“, Џек Керуак и „Појадок кај Тифани“, Труман Капоти. За разлика од оригиналните класици, содржината е значително скратена, а книгите се богато илустрирани.

„Целта на нашиот проект беше да ги заинтересираме малите читатели за книжевните класици, а и постарите да ги поттикнеме да ја прочитат оригиналната верзија“, вели Колтинг.

Во подготовка се и уште две книги: „Да се убие подбивната птица“, Харпер Ли и „Гордост и предрасуди, Џејн Остин.

Намерата на авторите без сомнение е одлична, но детските психолози се запрашуваат дали детето треба да ги чита Керуак и Капоти, без оглед на тоа што делата се прилагодени за нивна возраст кога ни самите се'уште не знаат добро да читаат и пишуваат. Покрај тоа, тие потсетуваат на прекрасните и интересни книги за деца.

Интересно е тоа што Медин и Колтинг во Америка наишле на бројни амбициозни родители кои биле волни и на овој начин да вложат во образованието на децата уште од мали нозе, нудејќи им класика наместо „Црвенкапа“ и „Хари Потер“.

А што мислат децата?

Кур Хемер, професор по англиски јазик на Универзитетот Харпер вели дека неговата петгодишна ќерка Алис не е воодушевена со верзијата на Керуак од „KinderGuide“, и покрај тоа што од книгата се исфрлени проституцијата, дрогата и останатите делови несоодветни за детска возраст.

„За да ја сфатите смислата на книгата морате да бидете позрели“, смета Хемер.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура