Веќе шеста година по ред се одржува натрепварот „Комичен див свет“. Пријавувањето на комични фотографии од дивиот свет трае до 30 јуни, а учеството е бесплатно. Натпреварот е основан од фотографите Пол Џонсон-Хикс и Том Сулам, кои велат дека сакале да создадат натпревар што ќе се фокусира на посветлата страна на дивиот свет, но сепак, мисијата на
натпреварот е многу посериозна: да го промовира зачувувањето на животинскиот свет и нивните живеалишта.
Како што велат од натпреварот, сè уште пристигнуваат фотографии, но ова се оние што пристигнаа досега и се најдобри.