„
Нинтендо“ има неодолива понуда за сите хакери. Доколку пронајдете сигурносни пропусти во нивната нова
Switch конзола, ќе ви платат до 20 илјади долари или преведено во денари - 1.159.200.
Од фирмата деновиве го прошириле својот лов на сигурносни пропусти на новата играчка конзола што излегла пред еден месец. Во зависност од тежината на пропустот, квалитетот на извештаите на хакерите, ловците на багови би можеле да заработат меѓу сто и 20 илјади долари.
Досега дале три награди
„Нинтендо“ веќе нуделе награди за извештаите за своите конзоли
Nintendo 3DS и
New 3DS. Првпат на ваков начин на подобрување на сопствените уреди се одлучиле во декември 2016 година, а досега исплатиле три награди, но не е познато во колкав износ. Наградата ја исплаќаат во рок од четири месеци од приемот на извештајот.
Други фирми во технолошката индустрија, исто така неретко се одлучуваат на вакви понуди, вклучувајќи ги „Гугл“ и „Фејсбук“. Тоа им овозможува „дополнителни очи“ на нивните хардвер и софтвер, така што се јавуваат способни хакери и ги известуваат што пропуштил нивниот тим. Деталите за целиот натпревар и подрачјата на кои „Нинтендо“ особено сака од хакерите да обрнат внимание, можете да го видите на овој
линк.