Како да се освојат 1000 долари за само 48 часа? Сите заинтересирани граѓани
имаат можност да се пријават и да ја освојат наградата на многу едноставен начин.
Станува збор за првиот хакатон за климатските промени во Македонија на кој ќе можат да се
предложат нови идеи и модули за надградба на апликацијата ‘Патувај Зелено’ -
www.skopjegreenroute.mk
Победничката идеја ќе биде наградена со 1.000 УСД, наградата за второ место ќе изнесува 750
УСД, а за трето 500 УСД.
Хакатонот ќе трае 48 часа и ќе се одржи во Ценарот за Социјални Иновации - во склоп на
Факултетот за информатички и компјутерски технологии (ФИНКИ), почнувајќи од 17:00 часот на 26-ти јуни 2015.
Натпреварот е отворен и за поединци и за тимови. Единствениот услов за пријавување е во секој
тим да биде вклучен барем еден Андроид програмер. Пријавувањето трае до 23-ти јуни.
По завршетокот на 48-часовен хакатон, 50% од гласовите ќе бидат доделени од експертско жири,
додека другите 50% од гласовите ќе бидат доделени од јавноста, преку социјалните медиуми.
Победничките решенија ќе бидат целосно развиени и ќе станат дел од Патувај Зелено 2.0.
Сите заинтересирани можат да аплицираат на следниот линк:
hackathon.socialinnovation.mk
‘Патувај Зелено’, за прв пат беше пуштена во употреба во 2014 год, и ги снабдува сите кои се во
движење во Скопје со најпотребните информации за да ја испланираат најбрзата, најефтината и
најзелената рутадо посакуваната дестинација, благодарејќи наGoogle Transit алатката.
Апликацијата исто така нуди корисни информации за автобуски постројки и места каде што можат
да се изнајмат велосипеди.
Настанот е во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со
Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје и ФИНКИ.