X
 11.12.2017 Живот

Доказ дека денешните родители ќе ги уништат своите деца

Гордите родители на новороденче немаат лоша намера, но во ерата на дигиталната технологија, без која не може да се живее, тие го забележуваат секој момент од неговиот живот и го објавуваат на социјалните мрежи.

На секоја социјална платформа имаме барем еден таков пријател што снимил сè што прави неговото дете - од самото раѓање, до одењето во прво одделение. Нивниот најголем животен успех станува жртва на социјалните мрежи.

Психолозите во нивната пракса често се среќаваат со деца што не можат да се изборат со очекувањата на своите родители. И како сето тоа да не им е доволно, дигиталната ера им носи уште поголем товар - суровиот интернет.

Со оглед дека личноста на детето се формира до седмата година, влијанието на социјалните мрежи е една од важните работи што можат негативно да влијаат врз самодовербата. Сведоци сме дека голем број малолетници на „Јутјуб“ ги кажуваат своите дилеми и за возврат добиваат голем број негативни реакции.

Родителите само сакаат да ја искажат гордоста, но не се свесни колку негативни последици може да предизвикаат кај децата. Возрасните и зрелите луѓе имаат проблем со самодовербата и животот на социјалните мрежи, така што само можеме да замислиме како им е на децата кои секојдневно се изложени на јавни критики.

Можеби наместо „Инста стори“ опции во кои е забележан првиот чекор на детето, треба да го зачувате во вашата меморија и да го раскажувате по неколку години. Дозволете му на детето да порасне и самото да избере како ќе му се претстави на светот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот