X
 16.08.2015 Образование

Американските деца откриваат што не е во ред со нивните училишта

Не е новост информацијата дека Америка во образованието има прилично лоши резултати во споредба со другите земји.

 

образование


Дури и кога посебно ќе се анализираат резултатите од секоја држава во Америка, без разлика на тоа колку е таа голема или мала, богата или сиромашна, сепак не може да достигне добри резултати во образованието. А сепак, Америка вложува многу повеќе пари во учениците од било која земја во светот.

На фотографијата погоре, секоја американска држава е поврзана со земја која имала слични резултати на тестовите на PISA - интернационален тест за математика. Топ 15-те држави се обележани со виолетова боја, меѓутоа како што можете да забележите, нема виолетова боја на мапата.

Новинарката Аманда Рипли сакала да открие зошто резултатите на американското образование се толку просечни.

Таа започнала да ги прашува луѓето што тие мислат во врска со оваа тема и ги забележувала нивните идеи. Истите теории постојано се повторувале: Луѓето ја обвинувале сиромаштијата како и разликата меѓу американските студенти и студентите низ светот. Но кога Рипли подлабоко ги анализираше бројките, таа откри дека иако тие се факторите, сепак не ја објаснуваат целосно разликата.

Нитуеден возрасен не можел да и` го даде одговорот кој таа го барала, па затоа се обратила кај експертите: децата.

Децата поминуваат повеќе време на училиште од било која личност. Тие имаат силно мислење за училиштето. Тие знаат што функционира.

Рипли разговарала само со оние студенти кои биле потковани со доста знаење за разликите меѓу училиштата во најдобрите земји и оние во Америка. Всушност, таа разговарала со американските деца кои биле на размена во овие земји.

Таа испитала стотици студенти кои биле на размена и открила три главни точки на кои сите се согласиле. Сите студенти тврделе дека во земјата во која биле на размена:

1. Училиштето е потешко - Има помалку домашни задачи меѓутоа материјалот е поригорозен. Луѓето го сфаќаат образованието многу посериозно, од избирањето на содржината до избирањето на наставниците.

2. Спортот е само хоби - ВО Америка, спортот го одвлекува вниманието од училиштето, но тоа не е случајот во другите земји.

3. Децата веруваат дека во иднина има нешто за нив - Учениците во другите земји длабоко веруваат дека она што го прават на училиште влијае врз тоа колку интересен ќе им биде нивниот живот. Дури и тогаш кога не им се допаѓаат часовите, тие го гледат нивнното образование како отскочна даска за нивната иднина.

На видеото подолу можете да ја погледнете приказната и да дознаете повеќе.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование