X
 06.02.2015 Наука

Добрите математичари се поуспешни во животот

Врвните математичари постигнуваат добри резултати во животот - имаат добри кариери и чувство на лично задоволство, тврдат американските научници.

Истражувањето кое се надоврзало на друго истражување од 70-те години, опфатило околу 1.037 мажи и 613 жени и ги следело во период од 13 години.

Сите тие покажале извонреден талент за математика и способност за математичко размислување, со што спаѓаат во 1% од најдобрите на таканаречените SAT тестови.

Овие тестови во Америка и некои други земји се користат како еден вид на приемен испит на факултетите.

Научниците од Вандербит Универзитетот го објавиле истражувањето кое покажува дека денес, 40 години подоцна, овие математички генијалци имаат висока позиција во општеството,  астатистиката покажува дека тие успеале надвор од сите очекувања.

Од двете групи на математички генијалци, 4.1% добиле место како редовен професор на најпознатите истражувачки универзитети, а 2.3% од учесниците на истражувањето станале директори на богати и познати компании.

Исто така, 2.4% од учесниците денес се адвокати на големи компании и организации.

Припадниците на оваа математичка елита објавиле 85 книги и 7.572 влијателни научни трудови, 681 регистрирани патенти и собрале грантови вредни околу 385 милиони долари.

Во американската популација помалку од 2% од луѓето стигнуваат до докторат, а во наведената група 30% дипломирале, 35% магистрирале, а скоро 40% докторирале.

Единствената разлика меѓу нив е висината на приходите - повеќето од мажите имаат значително поголема плата од своите сопруги, додека жените од истото истражување заработуваат исто или за мала разлика помалку од своите сопрузи.

Оваа разлика може да се објасни со фактот што мажите почесто завршуваат како менаџери во компаниите, како и експерти во науката, технологијата, математиката и информатиката, додека жените повеќе преовладуваат во општото работење, образованието и здравството.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука