X
 11.12.2021 Живот

Тагоре: „Големите срца сакаат, малите бараат да бидат сакани“

Рабиндранат Тагоре бил индиски книжевник, филозоф и драматург, чиј творечки опус го сочинуваат 1.000 поеми, 2.000 песни, осум романи, 24 драми и голем број есеи. Тој е добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1913 година, за збирката песни „Гитанџали“. Ова се неговите најпознати животни мудрости.


Фото: Wikipedia

- Бистрата река на разумот не го губи својот пат во сувиот песок на навиките.

- Цивилизацијата не смееме да ја осудуваме и цениме врз основа на тоа колкава моќ постигнала, туку по тоа колку во своите закони и дела искажала љубов кон човекот.

- Цветот со тага губи ливчиња, но со радост очекува плод.

- Човекот направи свој бог од оружјето. И кога оружјето ќе победи, човекот ќе остане поразен.

- До вистината можеме да дојдеме само ако ни е дадена слобода да грешиме.

- Кога се претвора во животно, човекот е полош од животните.

- Мажите знаат само да мислат. Жените имаат свој начин на разбирање без мислење.

- Несовршенството не е негација на совршенството, конечноста не ја побива бесконечноста. Тоа е само целината која се искажува во делови, тоа е бескрајот што се открива во границите.

- Ниту еден народ не може да се спаси сам издвојувајќи се од другите. Или се спасуваме заедно или заедно пропаѓаме.

- Ништо не е полесно од уништувањето на внатрешната слобода на човекот во име на надворешната слобода.

- Оние што учат, а не го применуваат своето знаење, се слични на селанецот кој ора, а не сее.

- Она што ни е потребно да бидеме слободни е љубовта. Таа има сила да го носи бремето на светот со радоста.

- Само она што го правиме со љубов го правиме слободно, без разлика колку страдање ќе произлезе од него.

- Во љубовта исчезнуваат сите животни спротивности.

- Големите срца сакаат, малите бараат да бидат сакани.

- Ако им ја затвориш вратата на своите грешки, ја затвораш и вистината.

Извор: Novosti
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот