X
 28.07.2023 Живот

Ефраим Кишон: „Една од најраспространетите болести е дијагнозата“

Ефраим Кишон е роден во Будимпешта како Ференц Хофман. Го преживеал холокаустот за време на Втората светска војна и по 1945 година го менува презимето во Кишонт. Во 1949 година емигрирал во Израел каде што името му било променето во Ефраим Кишон.Тој е познати сатиричар, драматург, сценарист и филмски режисер. 

Ова се дел од неговите мудри мисли:

- Постојат два вида несреќи: несреќи што ни се случуваат нам и несреќи што ги снашле другите.

- Една од најраспространетите болести е дијагнозата.

- Потребен ти е и пријател и непријател за да те ранат в срце. Едниот да те клевети, а другиот да те извести.

- Волјата, а не дарот, го прави давателот.

- Еретик е човек кој гледа со сопствени очи.

- Една единствена благодарна мисла кон небото е најсовршената молитва.

- За мене, најголемата убавина секогаш лежи во најголемата јасност.

- Најсмртоносниот плод го носи омразата што се насадува на изгаснато пријателство.

- Оној што не го губи паметот поради одредени работи, нема мудрост да изгуби.

- Не е вистината што човекот ја поседува или верува дека ја поседува, туку сериозен напор што тој го вложува за да ја достигне вистината, што ја сочинува вредноста на човекот.

Извор: Searchquotes.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот