Американскиот писател Ернест Хемингвеј е добитник на Нобеловата и на Пулицеровата награда. Зад себе оставил 7 романи, меѓу кои и познатите „Старецот и морето“ и „За кого бијат камбаните“.
Ова се дел од негови цитати:
- Нема ништо благородно во тоа да се биде супериорен во однос на твојот ближен. Вистинскиот успех е да бидеш супериорен во однос на она што си бил во минатото.
- Светот ги крши сите, а потоа, некои се силни на скршените места.
- Нема ништо посебно во пишувањето. Само седнуваш на машината за пишување и крвавиш.
- Најдобар начин да откриете дали може да верувате некому е да му верувате.
- Нема полојален пријател од книгата.
- Среќата кај интелигентните луѓе е најреткото нешто што го знам.
- Како што стареете, потешко е да имате херои, но и неопходно.
- Сите добри книги имаат една заедничка работа - пореални се отколку кога би се случиле во реалноста.
Извор:
Brainy Quote
Фото: Wikipedia