X
 06.10.2017 Култура

Нобеловецот Казуо Ишигуро: „Сакам моите зборови да го преживеат преведувањето“


Нобеловецот Казуо Ишигуро
(Фото: The New Yorker)


1.    „Сакам моите зборови да го преживеат преведувањето.“

2.    „Почнав како текстописец и сакав да бидам како Леонард Коен. Отсекогаш ги сметав моите приказни за проширени песни.“

3.    „Навистина се чувствувам како дел од онаа генерација луѓе што беа прилично идеалистички во 70-тите, но станаа разочарани во 80-тите. Не само поради прашања поврзани со социјалните услуги, туку поради самиот свет.“

4.    „Сите ние живееме во тела што ќе пропаднат. Но кога во нив гледате човечки суштества, тие се способни за многу пријатни работи: да сакаат, да бидат верни. Како што одминува времето, тие веќе не се грижат за имотите или за положбата. Тие сакаат да ги исправат работите што ги направиле погрешно.“

5.    „Многу од нашите најдлабоки мотиви не се раѓаат од логиката на возрасните за тоа како функционираат работите во светот, туку од нешто што е замрзнато во детството.“

6.    „Како писател, многу повеќе ме интересира она што луѓето го раскажуваат за своите доживувања отколку она што навистина се случило.“

7.    „Потешката страна се промоциите, балансирањето меѓу јавната страна од животот на писателот и пишувањето. Сметам дека тоа е нешто со што треба да се соочат многумина писатели. Писателите денес се многу попознати.“

8.    „Ако ги погледнете моите последни песни и први раскази, постои вистинска врска меѓу нив.“

9.    „Моите пријатели и јас многу сериозно го сфаќавме пишувањето текстови за песни. Мојот херој беше и сè уште е Боб Дилан, но исто така и луѓе како Леонард Коен и Џони Мичел и цела таа генерација.“

10.    „Постои практичен проблем во врска со времето и енергијата, и уште еден, посуптилен, за тоа што се случува во главата на писателот, постојано да се анализира зошто тој пишува, и кон што води сето тоа.“

11.    „Сеќавањата имаат централно место за мене. Делумно, тоа е затоа што ми се допаѓа реалната структура на пишувањето преку сеќавања. Ми се допаѓа атмосферата што се создава кога епизодите се раскажуваат преку маглата на сеќавањата.“

12.    „Има нешто чудно во пишувањето фикција. Тоа бара интересна рамнотежа меѓу гледањето на светот како дете со мудрост на средовечен човек. Колку повеќе земате од детството и искуството во тинејџерските години, толку е поголема опасноста од губење на тој извор.“

13.    „Има нешто многу погрешно во врска со книжевната култура штом автори кои се во своите 30-ти години ги нарекува 'младиот' или 'надежниот', а всушност истите тие се наоѓаат на својот врв.“

14.    „Она што навистина ме интересира е изненадувачки големиот степен со кој најголемиот број луѓе ја прифаќаат судбината што им е дадена, наоѓајќи одредено достоинство.“

15.    „Ние секогаш сакаме да ги задржиме нашите деца во некаков вид балон и да ги цензурираме лошите вести за светот. Сакаме да им кажеме дека светот е полн со добронамерни, фини луѓе.“

16.    „Ова е големото прашање што сите ние го имаме за нашите деца: Колку скоро и како ќе им ги кажеме помалку убавите нешта за светот што ќе го наследат од нас?“

17.    „Доаѓате до точка кога ќе можете повеќе или помалку да го пресметате бројот на книги што имате намера да ги напишете пред да умрете.“

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура