X
 09.05.2018 Живот

Отишла кај мајстор за тетоважи со детски цртеж - добила уметничко дело

Сликата на една тетоважа се проширила на интернет, а мајсторот за тетоважи што ја направил е прогласен за уметник кој умее да им ги чита мислите и емоциите на луѓето.

Јер Сиера Алексис имала јасна идеја за нејзината нова тетоважа, но ограничен талент за илустрација. Цртежот што го однела во студиото за тетоважа за да покаже што сака испаднал како да го цртало дете.


Фото: Twitter

И баш како што се случува со детските цртежи, некој ќе го толкува како глушец, некој како дрво, некој како раширени раце и топка. Сиера се обидела да му објасни на мајсторот за тетоважи што сака да каже со цртежот, а потоа можела само да се надева дека ќе сфати каква слика всушност сака на нејзиното тело. И јасно е колку се изненадила кога ја видела неговата интерпретација.

Кога ја поставила сликата на „Твитер“, нејзините следбеници биле еднакво воодушевени. Излегло дека уметникот сфатил што мисли девојката и нејзината идеја ја претворил во вистинско уметничко дело, преубаво, моќно, симболично.


Фото: Twitter/Printscreen
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот