X
 12.01.2024 Економија

Оваа земја прва ќе го ископува морското дно

Норвешкиот парламент даде зелено светло за истражување минерали во морското дно. Парламентот ја донесе одлуката по договор помеѓу владата и опозициските партии и покрај приговорите на климатските активисти.

Норвешка се надева дека ќе стане првата земја што ќе започне со ископување на морското дно на комерцијално ниво со цел да се обезбедат клучни минерали и да се отворат нови работни места.

Сè уште не се знае кога би можело да почне истражувањето, иако планот е да им се доделат на компаниите ексклузивни права да истражуваат и потенцијално да копаат од одредени области по процесот на аплицирање.

Процесот ќе биде креиран по оној за истражување на нафта и гас во Норвешка, додека прашањата за оданочувањето ќе бидат разгледани во подоцнежна фаза.

- Ќе видиме дали тоа може да се направи на одржлив начин и тоа е чекорот што го направивме сега - рече министерот за енергетика Терје Асланд.

Извор: B92
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија