X
 07.03.2020 Култура

Факти поради кои ќе се вљубите во норвешкото кралско семејство

Британското кралско семејство е најпопуларно во светот. Сите ги знаеме Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, како и другите членови на семејството. Поради големата популарност на ова кралско семејство, понекогаш другите кралски семејства остануваат во сенка. Такво е норвешкото, кое не го добива вниманието од јавноста.
Но, еве неколку факти што ќе ве натераат со други очи да го гледате ова семејство.

Најсиромашното кралско семејство

Кралот на Норвешка е еден од најсиромашните монарси во светот, а неговото семејство живее најскромно во споредба со другите кралски семејства во Европа. Членовите на семејството се облекуваат едноставно, дури и на формални настани. Тие не живеат од парите на граѓаните, туку се обидуваат да заработуваат. Принцот Хакон снимил песна и сите заработени пари ги донирал во хуманитарни цели.

Кралот Харалд Четврти жртвувал сѐ за љубовта

Харалд и Соња се запознале на забава на заеднички пријател. Соња била асистент за продажба и сакала да стане моден дизајнер. Тие биле во тајна врска 9 години бидејќи таткото на Харалд, Олав Петти, бил против врската. Но, општеството ја поддржало одлуката на престолонаследникот и Харалд му кажал на татко си дека ќе се ожени со Соња или никогаш нема да стапи во брак. Тоа го принудило тогашниот крал да се предаде и да ја одобри врската.


Фото: www.royalcourt.no

Синот на кралот се венчал со самохрана мајка

Синот на кралот, принцот Хакон, го следел примерот на татка си и се заљубил во обична девојка која ја запознал на фестивал. Мет-Мари имала вонбрачен син, а општеството не било подготвено да го прифати изборот на принцот. Потоа престолонаследникот на прес-конференција ја раскажал својата љубовна приказна со Мет-Мари, така убедувајќи ги сите во искрената љубов помеѓу нив двајца. Мет-Мари подоцна родила уште две деца.


Фото: www.royalcourt.no

Членовите на семејството имаат смисла за хумор

Принцот Хакон сака да се шегува на официјални настани. На пример, тој ги насмеал сите кога на прославата по повод годишнината на родителите исчезнал на неколку минути, па се појавил без брада, која порано никогаш не ја избричил.

Семејството сака спорт

Членовите на норвешкото кралско семејство активно се занимаваат со спорт и често се појавуваат на спортски натпревари. Кралицата Соња и Харалд го посетиле Антарктикот во 2015 година. Нивните деца сакаат јавање, скијање и сурфање.

Тие се грижат за околината

Принцот Хакон вози електричен автомобил веќе 15 години. На палатата има соларни панели и речиси не се користи пластика во резиденцијата. Принцот и неговата сопруга активно ги поттикнуваат другите да се грижат за околината.

Принцезата Ингрид Александра е идната кралица на Норвешка 

Принцезата е уникатна бидејќи таа ќе стане првата кралица на земјата по реформите претставени во Норвешка. Само една жена пред неа владеела со земјата на крајот од 14 век. 


Фото: www.royalcourt.no

Тие го ценат едноставниот живот

Може ли да замислите член на кралското семејство да користи јавен превоз? Луѓето во Норвешка не се изненадуваат кога ќе го видат принцот во метро. Кралското семејство не оди на одмори на приватен остров, туку на плажи на кои одат и другите луѓе. Освен тоа, децата одат во јавно училиште.

Принцезата Марта Луиз е бунтовник

Принцезата Марта често пати го одбегнува протоколот и се појавува во искинати фармерки наместо во фустан, се качува на дрвја итн. Таа не живее од парите на граѓаните, туку живее во нормална куќа, вози камион и плаќа даноци. Сама се грижи за децата и има основано фондации за помош на лицата со посебни потреби, атлетичарите и младите таленти. Таа е разведена и моментално е во врска со личност која ја нарекува духовен водич.



Синот на принцезата Мет-Мари и неговата девојка се норвешките Меган и Хери

21-годишниот Мариус одбива да ги извршува кралските обврски и сега заработува сам. Неодамна почнал врска со манекенката Џулијан Шекестад, која е позната по своите експлицитни фотографии во списанијата за мажи.

Извор: brightside.me 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура