X
 28.01.2018 Култура

Автопатот Е69 - норвешкото ледено инженерско чудо

1
Фото: BBC

129 километри северно од Олдерфјорд до Нордкап, на врвот на арктичка Норвешка, се наоѓа Е69 - најсеверниот автопат во светот, чудо на инженерството по должината на брегот на најсеверниот полуостров во Западна Европа.

Првпат предложен во 1908 година од „Ландслагет за Реисливет и Норџ“ (национално туристичко здружение на земјата), и завршен во 1999 година, автопатот е брилијантна контрадикција, поврзувајќи неколку оддалечени и кревки риболовни заедници што долго време докажале дека се способни за живот без надворешниот свет. За многумина, дрвените чамци продолжуваат да ги задоволуваат нивните потреби.

Патувањето по овој автопат денес е доживување на најсуровата дивина во Норвешка. На зима, последниот дел на Нордкап и ридот Книвскејолден, најсеверната точка во Европа, скоро се непроодни, отворени само за возење на конвои. Без автопатот, лесно е за туристот што дошол првпат да мисли дека селата што се наоѓаат по должината на автопатот се на работ на исчезнување.

Создавањето на Е69 се случило во 30-те со цел да се спротивстави на кризата во рибарската индустрија, што се појавила откако рибарите во Нордкап изгубиле контрола на ексклузивните права за концесија. Морале да пронајдат нови извори на приход за рибарите, така што бил одржан масовен состанок во 1934 година во Хонингсвог, најнаселеното село во Нордкап, при што шефовите на пристаништата побарале од општинскиот совет да му даде приоритет на националниот автопат, за да се реши проблемот.

Теоријата била дека локалното население би можело да добие повеќе туристи. Практично невозможниот пат за нив бил одговор на нивните проблеми. Барем така се надевале.

1
Фото: BBC

„Дали тогаш беше изолирана нашата заедница? Зависи од тоа што мислите дека треба да биде една заедница. Нордкап е изолиран во споредба со големите градови, но луѓето одлично се прилагодуваат и можат да се навикнат на било што. За мене сето ова е сосема нормално“, вели Уци, која живее во Нордкап.

Животот на овој северен дел има многу предности, објаснува Уци, особено за визуелен уметник како неа. Во 1982 година таа се вратила од Осло во нејзината родна куќа во Репваг и оттогаш работи како скулптор, инспирирана од екстремните сфери на времето во Нордкап.

Ваквите елементарни сили на мраз, ветер и океан не секогаш го правеле животот лесен. Последниот дел од 14 километри на патот кон Нордкап бил изграден во 1956 година. Иако бил замислен како летен пат за туристи кои пристигнувале со брод, сега останува да се користи во текот на целата година. Едно од последните проширувања, длабок морски тунел што го поврзува островот Магериа со полуостровот Порсангер, бил отворен во 1999 година.

Додека еволуцијата на патот со себе донела можност, индустријата на риболов, од која зависел градот, зазеде поинаков пат. Во текот на изминатата деценија, меѓународната флота постепено исчезнала, делумно како реакција на владиниот мандат да дозволи обновување на рибните резерви. Во тандем, автоматизацијаа била зголемена, екипите биле намалени, а индустријата за преработка на риба била преселена во Кина. Сепак, рибарската индустрија продолжува да расте.

„Автопатот е нашиот спас, тој е портал кон другиот свет“, вели германскиот уметник Ева Шмутер. „Но ако зависите од него, нема да преживеете. Ова не е ограничување, туку слобода“, додава таа.

„Времето го диктира животот по должината на автопатот Е69. Можете да правите само она што ви дозволува природата“, вели еден жител.

2
Фото: BBC

Природата е често во мислите на оние кои живеат во Хонингсвог, главното риболовно пристаниште на Е69.Градот ги има сите вообичаени норвешки карактеристики: црвени, жолти и сини тапетирани кабини; гигантски рибарски бродови, челично-сиво пристаниште со бродови.

„Порано велев дека јас сум единствениот идиот во Норвешка што живее толку северно. Сите мои филмови беа снимени во Нордкап, а јас отсекогаш црпев инспирација од морнарите кои доаѓаат и си одат, без разлика дали се од Португалија, Шпанија или друго место. Ако доаѓате од Хонингсвог, тогаш сте виделе многу од светот, без воопшто да си одите од овој град“, вели филмскиот режисер Кнут Ерик Јенсен.

Преку боровите, преку рибарските бродови, преку ирвасите, лежи Нордкап и крајот на Е69. Додека патот конечно му се предава на океанот, долгата зима ги меша сите нијанси на темнина како акварел, додека во лето, сонцето се задржува со месеци. На врвот лежи Нордкафален, што се наоѓа на 71°10’ 21, со центар за посетители, подземна капела и музеј посветен на кралот Рама V, тогашен суверен владетел на Сиам, кој го посетил во 1907 година.

Денес, Нордкап ги учи посетителите за вредноста на нешто што повеќе не може да се доживее: непредвидливоста на природата - особено во зима, кога земјата лежи неплодна, додека белиот снег го отелотворува идеалот на овој северен пат што инспирира толку многу луѓе.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура