Постојат многу причини поради кои ретко се враќа воениот рок и земјите кои ја укинале таа обврска, па се предомислиле, можат да се избројат на прсти, а и во оние каде таа обврска не е укината и кои се гордеат со војничката традиција, младите воглавно не се воодушевени што на тоа ги изгубиле најдобрите година-две.
Франција
Претседателот Емануел Макрон во текот на претседателската кампања најави воведување, односно вражање на „универзалната национална служба“, според која сите 16-годишници би минале обука во траење од шест до девет месеци. Првата фаза би била задолжителна и би траела еден месец, а во фокусот во текот на тој период би била граѓанската култура, работа со добротвотрни установи и основна воена обука. Наредната фаза би била на доброволна основа. На овој план се спротивстави дури и војската. Франција го укина задолжителниот воен рок во 2001 година.
Шведска
Шведска го укина задолжителното служење воен рок во 2010 година, но во 2018 година воениот рок е вратен за околу 4.000 регрути годишно. Тоа значи дека вкупно четири отсто од младите служат војска.
Австрија
Кога ќе наполнат 18 години младите Австријци мораат да бираат мешу шест месеци воена обука или девет месеци цивилна служба. Во 2013 година беше одржан референдум за воведување на професионална војска, а Австријците го отфрлија со 59,7 отсто гласови.
Белорусија
Во оваа земја служењето воен рок е задолжително и трае 18 месеци за младите без факултет и 12 месеци за оние кои завршиле факултет. Во 2013 година министерот за одбрана на Белорусија им се жалеше на пратениците дека не може да собере доволно регрути. Најпопуларен начин за избегнување е заминувањето во Русија на неколку денови додека трае собирањето на регрути.
Кипар
На Кипар задолжителниот воен рок трае 14 месеци.
Данска
Воениот рок трае меѓу три дена и 14 месеци. Во 2017 година 48 отсто од Данците биле ослободени од војска, а вкупно околу 20 отсто од данските мажи служат војска. Според истражувањата на јавното мислење, околу 66 отсто од Данците сакаат укинување на регрутацијата, иако и таа не е класична.
Финска
Задолжително служење воен рок за сите возрасни мажи. Околу 80 отсто од Финците служат воен рок кој трае меѓу пет месеци и една година. Според тоа, Финска е на самиот врв заедно со земји како Израел, Јужна Кореја, Турција, Естонија и Северна Кореја.
Грција
И во оваа земја е задолжително служењето на воен рок, иако до пред неколку години се разгледуваше негово укинување. Мажите постари од 35 години кои не отслужиле воен рок можат да бидат ослободени од служење ако платат 8.500 евра.
Израел
Задолжителен воен рок за Евреите, Друзите и Черкезите, а арапските државјани на Израел не одат во војска. Околу една четвртина од регрутите се ослободуваат од воениот рок.
Норвешка
Иако се смета дека оваа земја има задолжителен воен рок, во реалност тамошните воени сили примаат вкупно 10.000 регрути годишно, односно нешто повеќе од 27 отсто.
Швајцарија
Швајцарците се гордеат со својата војничка историја, иако задолжителната обука (18 или 21 недела основен тренинг) ја поминуваат меѓу 60 и 65 отсто од Швајцарците, додека другите ја одбегнуваат. На референдум во 2013 година, Швајцарците го отфрлија укинувањето на задолжителниот воен рок.
Фото: Pixabay
Русија
Воениот рок трае 12 месеци, но многумина го избегнуваат бидејќи соред тамошните закони отслужувањето на воен рок можат да го одложат или избегнат самохрани татковци, татковци на две и повеќе деца, старатели на малолетници... Од околу 150.000
млади мажи, околу половина ја избегнуваат регрутацијата на некој начин, а помалку од една петина навистина го отслужуваат рокот.