X
 12.02.2015 Наука

Психологијата зад првиот впечаток

Уште при првата средба со некого, вие одлучувате различни работи за него, од статусот на неговата/нејзината интелигенција па се` до промискуитет.

Науката вели дека токму овие работи ги одлучувате вие уште при првите секунди откако ќе сретнете некоја личност.


1. Дали сте лојални

Луѓето одлучуваат дали вие сте лојални и вредни за доверба и тоа во една десетина од секундата.

Истражувачите од Пристон го открија ова преку интересен експеримент; на една група на студенти им дадоа 100 милисекунди да проценат атрактивност, компетентност, агресивност и доверба според лицата на актерите, додека другата група можеше да ги набљудува подолго време. Додека другите карактеристики се разликуваа во зависност од времето поминато гледајќи го ликот, лојалноста и довербата во основа имаа ист резултат.

2. Дали имате висок статус во општеството

Друго истражување открива дека луѓето кои носат брендирана облека, како на пример „Lacoste“ и „Tommy Hilfiger“, се сметаат дека имаат висок статус за разлика од луѓето кои носат недизајнирана облека.

3. Дали сте хетеросексуалец или хомосексуалец

Луѓето можат да ја проценат сексуалната ориентација на еден човек во дваесетти дел од секундата.

„Брзата и прецизна перцепзија на машката сексуална ориентација може да е симптом за брзи и ефикасни когнитивни механизми за согледување на карактеристиките на другите“, велат научниците.

4. Дали сте паметни

Истражување од 2007 година предводено од професорката Нора А.Марфи открива дека гледајќи го право во очи вашиот соговорни, веднаш откривате дали тој/таа е паметен.

5. Дали сте промискуитетни

Британско истражување открива дека жените со видливи тетоважи се сметаат за помалку атрактивни, алкохоличарки и повеќе промискуитетни отколку жените без тетоважи.

6. Дали сте доминантни

Ќелавоста не е само убава; таа е и моќна.

Универзитеотт од Пенсилванија направи истражување со кое се докажа дека „мажите со избричени глави се сметаат за подоминантни од мажите со коса. Мажите кои немаат коса се подоминантни, повисоки и посилни од другите“.

7. Дали сте успешни

Ако сакате да изгледате успешно, тогаш сошијте си одело.

Едно британско-турско истражување, на кандидатите им понудило фотографии од мажи со сошиен костум, наспроти мажи со купен костум. Тие ги процениле оние со сошиен костум како поуспешни.

8. Дали ќе добиете промоција

Во 2011 година, на едно канадско истражување, на студентите им биле прикажани фотографии од машки модели облечени во бизнис или неформална облека. Потоа, им биле поставени прашања за тоа како тој човек би бил во разни видови на професии.

Резултатите биле неверојатни: Не само што студентите откриле дека луѓето на фотографиите заработуваат повеќе, туку и откриле дека за брзо време ќе добијат унапредување.

9. Дали сте авантуристи

Не влијае само вашата појава, туку и начинот на кој се движите. Истражување од Дурам универзитетот, на студентите им покажал видео клипови од други 26 студенти кои одат - некои со полесен од, други со поцврст.

Биле потребни само неколку чекори за студентите да дознаат за карактерот на оние на видеата. Студентите проценија дека оние со полесен од се екстровертни и авантуристи, додека оние со поцврст се невротични.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука