X
 02.09.2020 Наука

Небесни појави во кои ќе уживаме: Календар на астрономски случувања во септември

Еве кои небесни појави ќе можеме да ги видиме во текот на септември.

2 септември - Полна Месечина
6 септември - Конјункција на Месечината и Марс
7 септември - Венера ја зазема највисоката позиција на утринското небо. Магнитуда - 4,3, а висина над хоризонтот 38°.
10 септември - Месечината во последната фаза.
11 септември - Нептун во опозиција во соѕвездието Водолија. Магнитуда 7,8. Ќе има висина од 39° над јужниот хоризонт, 39 минути по полноќ.
14 септември - Конјункција на Месечината и Венера.
17 септември - Млада Месечина.
17 септември - Кометата „88П/Хауел“ ќе ја достигне најголемата магнитуда од 8,6. Ќе се наоѓа во соѕвездието Скорпија.
21 септември - Меркур ја зазема највисоката позиција на вечерното небо.
21 септември - Септемвриска рамноденица. Почеток на есента и есенска рамноденица.
24 септември - Месечината во првата фаза
25 септември - Конјункција на Месечината и Јупитер
25 септември Конјункција на Месечината и Сатурн
26 септември - Кометата „88П/Хауел“ во перихелот во соѕвездието Скорпија.

Кратки објаснувања:

- Конјункцијата ја претставува блиската привидна положба на два (или повеќе) небесни тела на небото, кога се набљудуваат од Земјата.

- Опозиција е положба на небесното тело во Сончевиот Систем кога се наоѓа на спротивната страна на Сонцето во однос на Земјата, односно Земјата се наоѓа помеѓу небесното тело и Сонцето.

- Блиска средба е привидна средба на небесните тела на мал дел од небото.

- Рамноденица е моментот кога Сонцето го преминува небесниот екватор додека се движи по должината на еклиптиката. Тоа се случува двапати годишно.

- Поволна позиција за набљудување е највисоката положба на некое небесно тело во моментот кога го пресекува небесниот меридијан, односно кога тоа небесно тело кулминира.

- Небесен меридијан е замислен круг на небесната сфера што ги содржи северните и јужните небесни полови, северните и јужните точки на хоризонтот.

Извор: Svemir.blog
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука