ПроКредит банка организира отворен ден за сите заинтересирани лица со или без претходно работно искуство
Доколку сте при крај на вашите студии или сте неодамна дипломирани, отворениот ден на ПроКредит банка е одлична можност за вас. На овој ден може да се запознаете со дел од вработените во банката, да поразговарате за отворените позиции за работа и да дознаете повеќе за корпоративната култура и начинот на работа на институцијата.
Одвојте половина до еден час на 13.02.2020, со почеток во 15 часот, и дознајте повеќе за сите детали во врска со можноста за вработување.
Како дел од интернационална групација, ПроКредит банка нуди одлична можност за тренинг Onboarding програма преку која сите нововработени имаат можност да се запознаат со банката и услугите што им ги нудат на клиентите.
Не двоумете се и пријавете го вашето присуство со испраќање CV на
mkd.job@procredit-group.com
(Комерцијална објава)