X
 02.03.2020 Живот

Утре на Економскиот факултет ќе се одржи работилница на тема: „Зголемување на ефикасноста на вработените преку дигитализација“

Денешното брзо темпо на работење налага постојана промена при изнаоѓање нови и иновативни методологии во рамките на една компанија со цел зголемување на ефикасноста кај вработените и помагање при нивното секојдневно извршување на задачите.

ПроКредит банка како единствена целосно дигитализирана банка ја нуди можноста да се запознаете со најновите трендови на дигитализацијата и да ви даде одлични tips&tricks за тоа како да ја подобрите вашата ефикасност со минимален напор.

За таа цел, утре на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, а во организација на ПроКредит банка, ќе се одржи работилница на тема „Зголемување на ефикасноста на вработените преку дигитализација“. Работилницата ќе се одржи од 14 до 15:30 часот.

Зачувај го своето место на: bit.ly/ProCredit2020

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот