Како лидер на пазарот во имплементација на модерни банкарски технологии, ПроКредит банка уште во 2015 година овозможи автоматизирана услуга за готовински операции преку Зона 24/7 и инвестираше во развој на поголем број дигитални услуги, поради тоа веќе години наназад безготовинските и готовинските платежни трансакции се 100% дигитализирани, со што се минимизира потребата за физичко присуство на клиентите во банката.
Неочекуваната пандемија немаше влијание врз тековната работа на експозитурите во ПроКредит банка. Најголемиот дел од клиентите на банката веќе одамна самостојно ги вршат своите банкарски трансакции преку е-банкарство директно од нивниот дом или канцеларија.
- Во оваа вонредна состојба ние влеговме подготвени со напредни дигитални опции за клиентите, кои им овозможуваат лесен, брз и безбеден начин сами да управуваат со своите сметки од удобноста на својот дом, без чекање во редови и дополнително загрозување на нивното и здравјето на нивните најблиски. Преку дигиталните платформи на банката клиентите може електронски да потпишуваат договори, да отвораат трансакциска сметка, да дополнуваат и повлекуваат пари од штедните сметки, да орочуваат нови депозити, како и да процесираат секаков тип плаќање во земјата и во странство. Со овие дигитални услуги клиентите имаат комплетна флексибилност, сигурност и дискреција при раководење со своите лични финансии или финансиите на својата компанија – изјави Марина Ѓурѓовска, директор за секторот за физички лица и мрежа на експозитури.
Во овој вонреден период се забележува раст на користењето онлајн-услуги во сите дејности, па така и во банките. Можеме да очекуваме дека по завршувањето на пандемијата корисничките навики на клиентите ќе се променат и дигиталната услуга ќе стане приоритет во секојдневното работење и живеење. ПроКредит банка како единствената дигитална банка на пазарот е во предност бидејќи и досега одлично функционира во дигиталниот свет на услуги.
На линкот подолу погледнете ги сите дигитални услуги што ви стојат на располагање во ПроКредит банка -
Дигитална услуга.
(Комерцијална објава)