Англискиот „Телеграф“ по повод 25-годишнината од независноста на Македонија објави неколку интересни факти за нашата земја.
1. Англиски „Телеграф“ ги споменува контраверзиите околу името и спорот со Грција.
Македонија е официјално призната како Република Македонија, но поради спорот со Грција, уште ја нарекуваат и Бивша Југословенска Република Македонија. Но, голем дел од Македонците овој поим го сфаќаат како навреда, пишува „Телеграф“
2. Македонија е висока земја
Во Македонија има повеќе од 50 езера и 34 планини повисоки од 2 илјади метри. Македонија е петта по височина земја во Евопа, ведаш по Андора, Швајцарија, Австрија и Турција
3. Освен што е висока, оваа земја е и стара
Без да се осврнуваме на тоа каде започнува Грција а каде завршува Македонија, античкото македонско кралство датира уште 880 години п.н.е и било владеено од страна на основната династија Аргеади, иако модерна Македонија најмногу се поврзува со кралството Паеонија, во северниот дел од целото кралство. Скопје, главниот град на Македонија, се зборува дека е стар 7 илјади години.
4. Толку стара земја што дури се пронајдени и делови од крстот на кој бил распнат Исус
Во три манастири во Македонија (Света Богородица Пречиста во Кичево, Свети Јован Бигорски и Свети Ѓорѓија Победоносец во Дебар) има делови од крстот на кој бил распнат Исус. Насекаде низ земјата има околу илјада цркви и манастири, додека пак во Охрид има 365 – за секој ден од годината. Охрид е уште наречен „Балканскиот Ерусалим“
5. Охрид е заштитен од УНЕСКО
И Охрид и Охридското езеро се сметаат за културно и природно богатство и се заштитени од страна на УНЕСКО, Охрид како еден од 28-те градови во светот.
6. НАСА е фан на Македонија
Кокино се смета за една од најстарите светски опсерватории, призната од НАСА, која датира уште од 19 век п.н.е.
7. Мајка Тереза е од Скопје
Неодамна прогласена за светица од страна на папата Франциско, Мајка Тереза е родена во Скопје во 1910 година . Денеска има и споменик и музеј посветен на неа и нејзините дела
8. И Македонија си има Сен Тропе
Трпејца на Охридското Езеро е наречена македонското Сен Тропе. Изобилува со природна убавина
9. Македонија има уште една држава во нејзини рамки
Вевчани е местото во Македонија кое е самопрогласено за независна република, каде што жителите имаат посебен пасош и валута. Брои околу 2500 жители, а постои и интересно правило - ако пиете доволно од вевчанското вино, ќе станете посечен граѓанин на Вевчани
10. Македонија го зачувала мирот
Македонија е едниствената земја која по распадот на Југославија не војуваше со ниедна друга земја и народ
11. Нема потреба од виза
Дозволена е посета која ќе трае до три месеци без виза за странските туристи
12. Главниот град беше разрушен од силен земјотрес
Скопје беше разрушен од катастрофален земјотрес во 1963-та година, а потоа повторно изграден
13. Во Македонија има преубави пештери
За пештерата „Пешна“ се вели дека е една од најдлабоките пештери на Балканот
14. Милениумскиот крст
На Водно, над главниот град се протега голем крст, кој одбележува 2 илјади години христијанство во Македонија. Висок е 660 метри
15. Збирно место за поети
Струга е местото кадешто секоја година се одржува поетска манифестација „Струшките вечери на поезијата“ која е доста реномирана манифестација на која присуствуваат голем број на истакнати поети и уметници
16. Македонија си има свој Елвис Присли
Македонскиот печај Тоше Проески, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа, се смета за најпопуларен пејач од Македонија, кој го носи епитетот „балкански Елвис Присли“
17. Куклици, Кратово
Чудо на природата – камења кои се интересно распоредени зад кои стои чудна приказна за одржување на свадба, па секое од камењата претставува еден од најважните лица на свадбата : невестата, младоженецот, кумот и старосватот
18. Има многу остатоци од Отомаската империја
По распаѓањето на Отоманската империја во Македонија останале многубојни монументи – како големиот број на џамии. Една од најубавите – Шарената џамија се наоѓа во Тетово
19. Македонија има три национални паркови
Маврово, Галичица и Пелистер од кој Маврово е најголемиот. Изобилува со богата флора и фауна, над 100 различни видови на дрвја и растенија
20. Храна и пијалоци
Во Македонија има различни видови на јадења, кои традиционално е подготвуваат а се превкусни. Македонската кујна има влијание и од медитеранот и од турската кујна, како и источно европската. Тавче гравче е врвен македонски специјалитет, како и ракијата, како алкохолен пијалок.