Коронавирусот како да ѝ даде оддишка на целата планета. Во Кина веќе со недели има изолација, а како што
коронавирусот се шири во други земји, така и
карантинот станува сè почест.
Така, една од најпознатите туристички дестинации во светот, Италија, деновиве е претворена во карантин, жителите не излегуваат од дома, се откажуваат летови, сè е на пауза.
Но, не е само Италија. Многу земји ја прекинаа наставата во образовните институции и властите им препорачуваат на жителите да останат дома за да може да се спречи ширењето на
вирусот.
Нормално, има и такви што не се грижат за препораките. На пример, овие фотографии се направени во Португалија откако властите ги затворија факултетите поради
коронавирусот.
Ви пренесуваме фотографии и снимки што луѓето од целиот свет ги споделуваат на социјалните мрежи, а на кои може да се видат градовите без вообичаените метежи.
Можеби најинтересниот опис е: На Земјата само ѝ требаше пауза.
Насловна фотографија: Twitter