X
 10.04.2020 Здравје

Ентони Фаучи: Мислам дека никогаш повеќе не треба да се ракуваме

Доктор Ентони Фаучи, челникот на американскиот Национален институт за алергии и инфективни болести (НИАИД) и врвен експерт за инфективни болести во Белата куќа, предвидува дека кога ќе излеземе на другата страна на пандемијата на коронавирусот, сите ќе живеат многу повнимателно.

На пример, тој сугерира дека дури и најобичните ритуали како ракување веројатно треба да се остават во минатото.

- Пандемијата речиси сигурно ќе го промени начинот на кој живеат преживувачите. Да бидам искрен, мислам дека веќе не треба да се ракуваме. Не само што тоа би било добро за да се превенира ширење на коронавирусот, туку веројатно и драматично ќе ги намали случаите на инфлуенца во земјава - истакна тој.

Ентони Фаучи
Фото: Wikipedia

Фаучи предвидува и дека нештата нема да се вратат во состојбата во која беа, од аспект на јавно здравје.

Тој мисли дека луѓето нема веднаш да се однесуваат безгрижно и да ризикуваат идни инфекции штом ќе можат да излезат надвор, да се социјализираат и да се мешаат со другите повторно. Наместо тоа, тој смета дека општеството ќе биде повнимателно и подобро подготвено за следната епидемија.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје