X
 09.04.2020 Живот

Веб-страница им помага на корисниците сами да си ја скратат косата

Живееме во време кога не се препорачува движење надвор од домот, а во некои периоди од денот и се забранува. Затоа многумина се принудени да наоѓаат креативни решенија за своите нови проблеми.

Ваков проблем е и кратењето на косата. Некои луѓе во овој проблем виделе можност за бизнис. Имено, создадена е веб-страница која ги спојува корисниците со бербер кој може да им помогне сами да си ја скратат косата. Целиот процес се одвива онлајн, односно берберот ги дава инструкциите, а корисникот ги практикува преку интернет.



Фото: Pixabay

Веб-страницата youprobablyneedahaircut.com им помага и на берберите да ги намалат загубите за време на пандемијата. Па така, брзо кратење кое трае 20 минути ги чини корисниците 18 долари, додека долгото кратење од 45 минути чини 30 долари. 


Извор: futurism.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот