Парче метеорит најдено во пустината во Алжир е дел од изгубена планета.
Според нова детална анализа на составот и староста на метеоритот, познат како Ерг Чеч 002, парчето е постаро од Земјата и некогаш било дел од вселенско тело познато како протопланета. Каменот може да им помогне на научниците да научат повеќе за формирањето на планетите и да ги разберат условите во Сончевиот Систем пред многу години, кога планетите што ги знаеме денес сè уште се формирале.
Фото: Pixabay
Парчето метеорит било пронајдено во мај минатата година во делот Ерг Чеч, Југозападен Алжир, и веднаш било претпоставено дека е необично поради неговата текстура. Затоа било класифицирано како ахондрит, што е метеорит составен од вулкански материјал.
Научниците заклучиле дека метеоритот е остаток од вселенско тело кое поминало низ внатрешно топење. Овие тела се нарекуваат протопланети и постојат во една од средните фази во процесот на формирање на планета.
Фото: Pixabay
Според истражувачите, метеоритот е постар од Земјата, која е стара 4,54 милијарди години. Според анализата, тој се формирал пред околу 4,56 милијарди години. Тој може да им помогне на научниците да го зголемат разбирањето на создавањето на Земјата.
Автор: Мишел Стар
Извор:
sciencealert.com