Фото: Pixabay
20 годишниот Алекс Мачерас ја има работата од соништата - патува низ светот со нов авион и ја оценува удобноста во истите.
Патува во прва класа и ја проценува удобноста на седиштата, услугите, просторијата, вклучувајќи ги и пилотите и екипажот.
Пред полетување ги проверува ВИП просториите, во текот на летот го дегустира гурманското мени и шампањот. Благодарение на својата работа тој успеал да ги посети сите континенти.
Мачерас живее во Лондон, а кога не лета тој работи како аналитичар на авијација. Отсекогаш бил воодушевен со воздухопловството и уште како дете сакал да чита книги и магазини посветени на авионите.
На 14 години една радио станица во Англија го забележала неговиот талент и одлучила да го ангажира. На 16 години на „Sky News“ гостувал како експерт за авијација.
Работата на Алекс е да тестира нови авиони пред со нив да почнат да патуваат патници. Меѓу авионите се и оние за државните службеници, бизнисмените и политичарите.