X
 12.05.2018 Забава

Можете ли да ја решите оваа задача за деца која измачи и многу возрасни?

Постојат задачи за кои не е доволно да се знае само математика, туку треба малку да го впрегнете и логичкото размислување.

Иако оваа задача се појави на натпреварот „Дабар“ за децата од петто и шесто одделение, таа им предизвика проблеми и на некои возрасни.

Проверете дали вие можете да ја решите.

„Таткото дабар и неговите две мали сакаат да го преминат потокот, а да не се наводенат. Тие користат чамец кој може да пренесе до 100 килограми. Таткото дабар има 100 килограми, а секое дете по 50. При секое возење во чамецот мора да има барем еден дабар. Колку возења со чамецот мораат да направат дабарите за да преминат на другата страна?“
Колку возења се потребни? Едно, две, три, четири, пет?

Точниот одговор е пет пати. Логиката е следна: прво со чамецот ќе минат двете мали (прво возење), потоа едно ќе го врати чамецот до таткото дабар (второ возење), таткото дабар ќе го премине потокот (трето возење), па второто мало ќе се врати со чамецот по првото (четврто возење) и во последното, петто возење, двете мали ќе му се придружат на таткото.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава